На денешната седница на Советот на Општина Битола, изгласана е одлука со која му се помага на ФК Пелистер со 2 милиони денари. Она што беше ветено, се чини дека е и направено.
Но далеку од тоа дека има простор за еуфорија во клубот и меѓу фановите во Битола.
Имено тие нешто повеќе од 30.000 евра ќе бидат дадени за тужбата на Мартин Ковачев, со што и дефинитивно сега ќе може клубот да прави трансфери.
Значи ситуацијата во ФК Пелистер и натаму е сложена, нема пари за засилувања.