Радуловиќ: Го затворивме нивниот офанзивен скок!

122

Пелистер се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“. Пред своите навивачи битолскиот тим го совлада Феникс со 81-70 и во битката за финале ќе се сретне со Еуро Никел.

Феникс е многу незгоден ривал, но денес мислам дека функциониравме беспрекорно. Го затворивме нивниот офанзивен скок, кој често ни прави проблем и заслужено дојдовме до триумф. Правилно ја распределивме минутажата, дел од играчите ќе бидат поодморени и тоа е секако добар знак. Текот на натпреварот наложуваше да ја преземеме предноста, и тоа и се случи. Потоа беше полесно и успеавме рутински да го приведеме натпреварот кон крајот.

Утре играме со Еуро Никел, екипа која е во неверојатен шутерски ритам. Ќе биде тешко, но мора да дадеме 200% од нашите можности. Имаме и „свежа крв“ во името на Амир Најт, кој полека се вклопува во нашиот систем и мислам дека ќе биде солидно засилување со АБА лигашко искуство“ – изјави Радуловиќ.

ПретходноНБА кошаркар е уапсен поради напад на ривал
СледноРакометарите на Пелистер ги бодреа кошаркарите (ФОТО)