Тренерот на Баерн, Томас Тухел, зборуваше за формата на напаѓачот Хари Кејн.
„Хари не е задоволен од комуникацијата на теренот. Ние, исто така. Но, начинот на кој тренира е од светска класа. Вистина е дека на натпреварите играчите ретко го наоѓаат со додавања. Ние работиме на тоа. И Кејн докажува дека е капитен. Се ќе биде добро со него“, изјави Тухел.
Кејн оваа сезона одигра 29 натпревари за Баварците, постигнувајќи 28 гола и 8 асистенции.