ФОТО НА КОЛОТО: Пепи плаче од радост, играчите на Брегалница во транс!

821

Вчера во Штип во “Дербито на Истокот“ Брегалница на тренерот Горан Здравков со 2:1 успеа да слави над Тиквеш на Ѓорѓи Мојсов, а до 87.минута губеше со 0:1. Следуваше израмнување на 1:1 со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев, за да во 90+8.минута Пепи Ѓорѓиев стрелаше за победа од 2:1.

По завршувањето на мечот играчите на Брегалница отидоа пред своите фанови да ја прослават оваа голема победа.

И како што се гледа од фотографијата, стрелецот на победничкиот гол Пеп плаче од радост, негоите соиграчи пак беа во транс.

ПретходноПерез не запира: Покрај Мбапе во јуни од ПСЖ во Мадрид доаѓа уште една мега – ѕвезда!
СледноНовинарката прашува: “Дали величината е битна?“ Џо Кол и Питер Крауч се “утепаа“ од смеење! (ВИДЕО)