Амар Хот во дресот на Вардар!

396

Амар Хот (20) со трансфер од Пелистер во Вардар. Ова значи дека репрезентивниот крилен центар до крајот на сезоната ќе го носи дресот на КК Вардар и ќе се обиде да му помогне во битката за опстанок во нашата кошаркарска елитна лига.

Хот е “дете“ на Феникс 2010, играше и за првиот тим на овој клуб, но минатото лето се одлучи да потпише за Пелистер, но сега се врати во Скопје, но во тимот на Вардар.

Со него составот на “црвено – црните“ доби квалитет под обрачите, а дека станува збор за квалитетен играч доказ е тоа што селекторот Александар Јончевски го повика Хот за претстојните квалиикациски мечеви на нашата најдобра репрезентација.

ПретходноСупер-деби на младиот Анес Мелиќи во дресот на Шкендија!
СледноМОК потврди дека МВР ги „чешла“!