Миљан Радовиќ не е повеќе тренер на Воска

1089

По поразот од Шкупи во првото пролетно коло од 0:3 раководството на прволигашот Воска спорт ја прекина соработката со црногорскиот тренер Миљан Радовиќ. За тоа кој ќе го наследи клубот ќе соопшти дополнително.
Инаку клубот од Охрид го промовираше Радовиќ за нов кормилар во јуни, а по првиот дел од сезоната и по првото пролетно коло Воска се најде на 10-тата позиција и во зоната на бараж за опстанок. Екипата има скор од пет победи, пет ремија и девет порази.
Пред Воска, Радовиќ работеше во Индонезија и во црногорските Сутјеска, Грбаљ и Дечиќ.

ПретходноИграч на Лутон: Бев мртов 2 минути и 40 секунди
СледноМакедонија од втор шешир ќе атакува кон ЕП 2026