НБА ПЛЕЈ-ОФ: Комплетирани двојките за првата рунда, прво стартува плеј-ин

102

Со одигрувањето на синоќешните натпревари и официјално се затвори регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Распоредот на тимовите по 72 одиграни мечеви, ги одреди и патниците во плеј-оф и т.н. плеј-ин дел.

Најдобрите шест екипи во двете конференции обезбедија директен пласман во разигрувањето за титулата, додека тимовите од 7. до 10. место ќе мора да одиграат еден квалификациски, т.н. плеј-ин дел од кој уште по два тима од двете конференции ќе им се приклучат на најдобрите шест во конференциските плеј-оф дуели.

Во продолжение двојките за првата рунда и во двата дела:

ПЛЕЈ-ОФ ДВОЈКИ:

(први мечеви на 22 мај)

Исток

Филаделфија (1) – квалификант

Бруклин (2) – квалификант

Милвоки (3) – Мајами (6)

Њујорк Никс (4) – Атланта (5)

Запад

Јута (1) – квалификант

Феникс (2) – квалификант

Денвер (3) – Портланд (6)

ЛА Клиперс (4) – Далас (5)

ПЛЕЈ-ИН (Дополнителни квалификации)

(17 – 21 мај)

Исток

Бостон (7) – Вашингтон (8)

Индијана (9) – Шарлот (10)

Запад

ЛА Лејкерс (7) – Голден Стејт (8)

Мемфис (8) – Сан Антонио (10)

ПретходноЗатворена регуларната сезона во НБА лигата: Филаделфија и Јута со победи го одбранија врвот
СледноЦорк: Јас не знам колку пати треба да кажам, Халанд останува во Борусија (Д)