Ливерпул има приоритетна трансфер цел за следната сезона

260

Централниот бек на Кристал Палас, Марк Гуехи стана приоритетна цел на Ливерпул за летниот преоден рок, пренесува „Телеграф“.

Според изворот, „црвените“ се подготвуваат за нова ера по заминувањето на главниот тренер Јирген Клоп на крајот на сезоната и веќе се заинтересирани за купување на Гуехи. Сепак, Манчестер Јунајтед ќе биде сериозна конкуренција за отписот на фудбалерот, затоа што и тие посакуваат да го добијат како ново засилување во јули.

Дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска е производ на Челзи, од каде двапати беше позајмен во Свонси Сити. Сезонава одигра 26 натпревари на кои постигна една асистенција.

ПретходноЗа прв пат втората Бундеслига во фудбал е попосетена од најсилната
СледноЕндрик го добива дресот со број 9 во Реал (М)