Вардар и Работнички за неколку дена се враќаат на арената!

2640

Повеќе нема никакви препреки да се игра фудбал на нашиот најголем стадион на кој со месеци и месеци траеше реконтрукцијата на теренот и поставувањето на хибридна современа трева.

Според она што го дознаваме од 1 март арената „Тодор Проески“, ќе биде ставена на располагање на клубовите и националните селекции. Ваквите најави се добредојдени за Вардар и Работнички кои се враќаат на „својот“ терен и како домаќини ќе ги играат средбите на најголемиот стадион. Според програмата Работнички на 3 март ќе игра со Брегалница токму на арената а три дена покасно е градското дерби Вардар – Рабиотнички. Викендов што следи Вардар ќе мора да ја пречека Брегалница на стадионот во Маџари.

На нашиот најголем стадион кој сега има совршена подлога за игра се закажани и дуелите со Гибралтар и Шведска на селекцијата до 21 година и истите се играат кон крајот на март.

ПретходноХаланд синоќа испиша историја во ПЛ, а Пеп откри дека во изминатите денови Норвежанецот доживеал семејна трагедија!
СледноМекиќ: Естонија нека биде фаворит, ние мораме да излеземе на терен максимално подготвени!