Јуниорите во силна група во втората фаза од квалификациите за ЕП

209

Младата машка одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години се најде во тешка група за престојната втора фаза од квалификациите за Европското првенство. По успешно минатиот прв зонски-филтер, избраниците на селекторот Ванче Санев обезбедија место во вториот квалификациски филтер, каде за противници ги добија селекциите на Италија, Грција и Израел.

Грците веќе ни беа противници и во првата фаза во Струмица каде не победија со 3:0. Италијанците кои ќе бидат домаќини на турнирот се големи фаворити, а и Израел останува да се види со каква генерација располага. За нашите јуниори, ова ќе биде уште една голема шанса за искуство и за себедокажување.

Квалификацискиот турнир во Италија ќе се одржи од 12 април.

ПретходноРоналдињо во турско реалити шоу
СледноГолема победа на германските навивачи: Нема приватни инвеститори, фудбалот останува фудбал!