ОФИЦИЈАЛНО: Срѓан Захариевски e нов тренер на Воска Спорт

608

Екипата на Воска Спорт вечерва и официјално го потврди нашиот стручњак Срѓан Захариевски како нов тренер во продолжението на сезоната.

Раководството на клубот од Охрид и 50-годишниот стретег денеска го потпишаа договорот, а Захариевски официјално го претстави претседателот, Нефи Усеини

Сеит Крека, кој досега работеше со младите возрасни групи во клубот ќе му бид епомошник. Захариевски и Крека уште денеска почнаа со работа и го одржаа првиот тренинг.

Дебито на Захариевски на клупата на Воска ќе биде викендов на дуелот со Силекс во рамките на 20-то коло во Првата македонска фудбалска лига.

ПретходноГолема победа на германските навивачи: Нема приватни инвеститори, фудбалот останува фудбал!
СледноМакаби Хаифа е прв осминафиналист во Конференциската лига