Нејмар ја платил отштетата за силуваната девојка, па Алвеш доби помала затворска казна

8837

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш (40) кој беше осуден на четири и пол години затвор за силување девојка во ноќен клуб во Барселона најавил жалба.

Според информациите на бразилските медиуми, Дани Алвеш избегнал и многу построга казна пред се поради неговиот пријател Нејмар, кој му дал 150.000 евра за да исплати отштета кон жртвата.

Според шпанскиот закон исплата на отштета пред судењето важи како „олеснителна околност“, поради што Дани Алвеш доби помала затворска казна отколку што би добил инаку. Сега неговиот тим подготвува жалба, но Алвеш ќе остане во затвор бидејќи се стравува дека би можел да побегне во Бразил и со тоа да избегне да ја отслужи казната.

ПретходноВојдан е „фит“, вечерва на терен против Естонија!
СледноСудии за ПМФЛ: Супер – дербито во Струга за Пилешков, Трпчевски ќе му суди на Вардар!