Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман изјави дека целта на неговата селекција е да стигне најмалку до полуфиналето на претстојното Европско првество.
„Како навивач, поважно ми е како тимот игра и настапува отколку само резултатот. Репрезентацијата долги години е на дното. Верувам дека ако одиграме четири или пет добри натпревари, а потоа победиме и во четвртфиналето против врвна репрезентација, тогаш тоа може да се нарече добар настап на Европското првенство за Германија“, изјавил Нагелсман.
Германците се домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.