Голден Стејт потврди дека успеал да се договори со својот тренер Стив Кер за продолжување на договорот на уште две години. Овој нов договор е најголемиот во историјата на НБА. Имено Кер ќе биде платен за тие две сезони 35 милиони долари или 17,5 милиони долари по сезона.
Досега никој од тренерите немал поголема годишна плата во историјата на НБА.
Кер досега имаше четврти најголем договор годишно. Пред него беа Грег Поповиќ – Сан Антонио (16 милиони), Ерик Сполстра – Мајами (15 милиони) и Монти Вилијамс – Детроит (13,1 милиони).