Завршија првите полувремиња од петте средби од 20.коло во ПМФЛ. Најинтересно бешена Маџари, каде Вардар со головите на Алтипармаковски од пенал, а потоа и на Глишиќ води со 2:0 против Брегалница. Доминантен Вардар, кој има голема поддршка од своите фанови.
Во Турново екипата на Брера ја “гази“ Македонија ЃП и тоа со 3:0, и тоа со головите на Цветаноски, Миловановиќ и Ивковиќ. Ретко кој се надеваше на вака блескаво издание на струмичани.
Шкендија со прекрасниот голо на Шаља во 37.минута има водство против Гостивар во меч кој се игра под Шара. Исто со 1:0 води и Тиквеш против Работнички и тоа со голот на Робертињо.
Во Охрид, каде се среќаваат Воска и Силекс резултатот е 0:0.