Вардар во меч од 20.коло против Брегалница, кој се одигра по тешкиот терен за игра на Маџари, успеа со 2:0 да слави и со тоа да освои големи, големи три бода. Вардарци беа подобри, доминираа во речиси во текот на целиот меч, на време си постигнаа голови преку Алтипармаковски и Глишиќ и на задоволство на армијата негови фанови дојдоа до целта.
Брегалница бледа, се очекуваше далеку повеќе од „сините“.
Супер Брера, со ефектни 3:0 успеа да слави над Македонија ЃП. Фантастично ја отворија струмичани оваа есен, два меча и две победи без оримен гол. Цветаноски, Миловановиќ и Ивковиќ беа стрелците за Брера.
Уф, каков меч во Тетово. Шкендија имаше водство од 2:0 до 86.минута, а потоа Кехинде со два гола и двата од пенал успеа да му донесе на Гостивар големи 2:2 и со тоа да ја продолжи низата без порази која трае од 19 септември.
Тиквеш беше подобар од Работнички и успеа да слави со 2:0. Робертињо и Стојкоски, посебно овој вториот беше прекрасен, успеа да освои големи три бода.
И во Охрид, каде се сретнаа Воска и Силекс, во тренерскиот дуел на Захариевски и Васоски, во не така интересен меч резултатот на крајот беше 0:0.
Вчера во мега – дербито Струга ТЛ и Шкупи одиграа 2:2.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 20.КОЛО
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:0
(Цветаноски 3., Миловановиќ 8., Ивковиќ 42./)
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 2:2
(Шаља 37., 69./Кехинде (п) 86., (п) 90.)
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2:0
(Робертињо 17., Стојкоски 52./)
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 2:0
(Алтипармаковски (п) 21., Глишиќ 24./)
ВОСКА – ОХРИД 0:0
ВЧЕРА
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:2