Попладнево во Струга, во последниот меч од 17.коло во ВМФЛ, Караорман и Охрид одиграа без победник 0:0. Во “Езерското дерби“ и двете екипи ја посакуваа победата, имаа по неколку закани кон противничкиот гол, но сепак мораа на крајот да се задволат само со по бод.
Па така сега Охрид со 24 бода се наоѓа на 7. место на табелата а стружани со 15 бода, останаа на 15. место на табелата во ВМФЛ.