Кошаркарите го одржаа првиот тренинг во Сосновиец (ФОТО)

138

Македонската кошаркарска репрезентација го одржа првиот тренинг во салата „Арцелор Митал Парк“ (капацитет 3.200 места) во Сосновиец каде утре (17 часот) ќе ги одмерат силите против Полска во рамките на второто квалификациски коло за пласман на ЕП 2025 година.

Нашите кошаркари за жал во оваа нова битка за враќање на европската карта тргнаа со пораз на домашен терен, во најважниот меч. Естонија која според силите е нашиот директен конкурент, од Скопје си замина со победа од пет поени.

И покрај едно вакво сценарио, „црвено-жолтите“ не губат надеж, најавија жестока битка во Полска за прва радост и враќање на надежта дека можат да стигнат до ЕП 2025 година, а со тоа Македонија да се врати последно десет години пауза на ова натпреварување.

ПретходноВМФЛ: Без победник на “Езерското дерби“!
Следно“Комити“ во еуфорија, вака го личи Вардар….вака изгледа табелата, најтрофејниот сега е десетти! (ФОТО)