“Комити“ во еуфорија, вака го личи Вардар….вака изгледа табелата, најтрофејниот сега е десетти! (ФОТО)

5472

Ете, вака го личи Вардар. Моќен, победнички, доминантен со прва пролетна победа и со освоени големи, големи три бода. Вардар попладнево на “Борис Трајковски“ покажа дека и тоа како е кадарен да се избори за директен опстанок.

Овој меч беше од преголемо значење и за Вардар и за Брегалница во битката за опстанок, но четата на Горазд Михаилов покажа како треба.

Сега откако завршија сите мечеви од 20.коло можеме да ја видиме и како тоа изгледа табелата.

Вардар веќе не е последен, сега е десетти, место кое води во баражот, но има време до крајот, остануваат уште 13 кола, а ако Вардар продолжи вака тогаш секако дека опстанокот се подразбира.

Затоа “Комити“ се во еуфорија…

ТАБЕЛА

Шкупи 42, Струга ТЛ 41, Шкендија 39, Силекс 28, Брера 26, Гостивар 26, Тиквеш 25, Работнички 24, Воска 21, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18…

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноКошаркарите го одржаа првиот тренинг во Сосновиец (ФОТО)
СледноУдри против својот некогашен клуб: Ова е фантастичниот гол на Кико Стојкоски во Кавадарци! (ВИДЕО)