Михаилов: Секоја чест за играчите, благодарност до “Комитите“, голема победа на Вардар!

1296

Четири бода од првите два меча на Вардар оваа пролет. Попладнево Горазд Михаилов дојде до деби победата како стратег на Вардар и тоа против Брегалница со 2:0.

По мечот стратегот на нашиот најтрофеен клуб за “СпортСпорт“ изјави:

Екстремно важна победа извојувана против директниот ривал за опстанок. Секако дека уште ништо не е готово, но сметам дека сме добар пат. Задоволен и среќен сум од првата победа како тренер на Вардар. Секоја чест за играчите, одиграа како што се договоривме, бкагодарност до `Комитите` за поддршката, одиме натаму. Ова е голема победа на Вардар и потстрек за следните мечеви“ посочи Михаилов.

ПретходноУдри против својот некогашен клуб: Ова е фантастичниот гол на Кико Стојкоски во Кавадарци! (ВИДЕО)
СледноНаполи во 90+6.минута испушти победа на Сардинија! (ВИДЕО)