Шампионот во женска конкуренција, Работнички, извојува многу важна победа на дербито од 2. коло во втората фаза од домашниот шампионат во плеј-оф зоната. На домашен терен беше совладан тимот на Наковски Волеј со 3:0, со што шампионките ја остварија деветтата сезонска победа.
Лидерот и досега непоразен состав, Струмица, продолжи во ист ритам, иако дозволи да загуби сет на мечот со Јанта Волеј на домашен терен. Струмичанки славеа со 3:1 и остануваа цврсто на лидерското место.
Во плеј-аут зоната, во ова коло сигурно победи за Вардар ЕМ и Фит Фан Волеј.
Прва лига (жени), Втора фаза-1, 2-ро коло
Работнички Скопје – Наковски волеј 3:0 (25:9, 25:22, 25:22)
Стррумица жени – Јанта волеј 3:1 (25:22, 25:27, 25:14, 25:14)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (46); 2. Јанта Волеј (30); 3. Наковски В. (29); 4. Работнички (29).
Прва лига (жени), Втора фаза-2, 2-ро коло
Вардар жени – Вардар ЕМ 0:3 (9:25, 11:25, 11:25)
Фит фан волеј – Младост УГД 3:0 (25:17, 25:23, 25:18)
ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (25); 2. Младост УДГ (17); 3. Вардар ЕМ (10); 4. Вардар 2019 (0).