До 86.минута Шкендија на свој терен под Шара против Гостивар имаше сигурно водство од 2:0. Сите помисливме дека е готово, победата е тука, гостиварци конечно ќе биде поразен и тоа првпат од септември.
Сепак така не мислеше Кехинде, напаѓачот од Нигерија кој со два гола, и двата од пенал успеа да му донесе на својот тим 2:2 и да и откине на Шкендија два златни бода во битката за титула, да ја расплаче Шкендија.
Токму затоа според „СпортСпорт“ Кехинде е играч на ова 20.коло. А покрај него во тимот на колото се и Иљази (Шкупи), Јанкулов (Брера), Руватубјае (Шкупи), Глишиќ (Вардар), Алтипармаковски (Вардар), Стојкоски (Тиквеш), Бојку (Струга ТЛ), Миловановиќ (Брера),Шаља (Шкендија) и Цветаноски (Брера).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЛАНРЕ КЕХИНДЕ
Тим: Гостивар
Роден: 07.05.1994 во Нигерија
Кариера: Квара Јунајтед, Макаби Тел Авив, Хапоел Афула, Елазигспор, Анкарагучу, Денизлиспор, Инчон, Умраниаспор, Менемспор, Н. Ноф Ха Галил, Гостивар