Квалификации за ЕП 2025: Грција едвај ја победи Холандија

113

Репрезентацијата на Грција дојде до втората победа во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година, но овој пат добро се испоти. До пред самиот крај буквално се мачеше, беше во негатива од еден поен (71-70). На голема среќа успеа да зголеми на 71-74. На другата страна холандските кошаркари постигнаа само едно слободно фрлање од двете, немаше вреќе за ништо повеќе (72-74).

Грција е лидер во групата Г каде вечерва Чешка ја шокираше В.Британија совладувајќи ја со 90-82 за прва победа во квалификациите.

На останатите средби, Србија остана перфектна откако славеше против Грузија со 63-76. По првите два квалификациски меча, перфектни останаа Словенија, Италија, Летонија, Белгија, Франција и Естонија која е во група со Македонија.

ПретходноБилетите за последниот домашен меч на Пелистер во ЛШ по цена од 450 и 550 денари
СледноФановите на Ф1 нека се подготват: Првата трка во новата сезона е во сабота!