Њујорк Никс ги совлада Детроит Пистонс со 113:111 во драматичен меч. Пистонс водеа со 111:110 на околу 30 секунди до крајот. На другата страна имаше комични сцени и промашувања. Џош Харт погоди по прекршок, го го промаши дополнително слободно фрлање на 1,3 секунди до крајот, но Бренсон ја фати топката за да стави крај за славје на Никс. Детроит покажа зошто е најлошиот тим во лигата, имаше шанси за победа, губеше топки.
Бренсон мечот го заврши со 35 поени и 12 асистенции.
Тимот од Њујорк се наоѓа на четвртото место во Источната конференција со скор од 35-23, додека Пистонси и понатаму се најлошиот тим во лигата со 8-49.
На останатите средби, Индијана беше совладана од Торонто со 130-122, Мемфис на домашен терен беше поразен од Бруклин, додека Сакраменто од Мајами 110-121.