Шкендија со реакција: Не сме задоволни од судењето на мечот со Гостивар!

227

Познато е се она што се случуваше на средбата во неделата од 20.коло во ПМФЛ, меѓу Шкендија и Гостивар, на кој гостите во последните минути од средбата од два пенали успеаја да дојдат до конечни 2:2. Денеска раководството на тетовските “црвено – црни“ излезе со официјална реакција или соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани фанови и пријатели на КФ Шкендија,

Сакаме да го изнесеме нашиот став во врска со последниот натпревар од 20. коло против Гостивар.

Како клуб посветен на правдата и интегритетот на фудбалските терени, ние, КФ Шкендија, почувствувавме обврска да го изразиме своето незадоволство од делењето на правдата на овој натпревар, како и од промената на распоредот на средбите од 21. коло. Шкендија – Вардар. 

Во оваа прилика испративме официјална претставка до надлежните органи на Фудбалската федерација на Македонија, во која ја изразуваме нашата загриженост за погрешно справување со некои ситуации во текот на играта. 

Ние како КФ Шкендија продолжуваме да веруваме во транспарентност и објективност во процесот на делење на правдата и веруваме дека оваа реакција ќе биде третирана сериозно од страна на Федерацијата. 

Ова јавно соопштение е објавено за да се разјасни мислењето дека клубот реагираше сега, како и секогаш, на различни официјални канали или со соопштенија за јавноста. 

Значи, одговорот се испраќа до соодветните надлежни органи, без да сакаме во јавното мислење да се протолкува како да бараме алиби за секоја ситуација. 

Ви благодариме за вашата континуирана поддршка.

Со почит, КФ Шкендија.

ПретходноОчекувано:Димитријевиќ и Хап во трка за МВП признанието!
СледноАлборг го претстави Пелистер: Заедно со Вардар се борат за титулата, но оваа сезона се вмеша и Алкалоид!