Потврдени термините за новите квалификации на младите селекции до 18 години

129

Европската одбојкарска конфедерација ги потврди комплетните распореди и саатници за следните квалификациски настапи на нашите млади одбојкарски селекции до 18 години.

Јуниорките кои патуваат за Италија на турнир во група со домаќинот и селекциите на Грција и Израел, натпреварите од втората квалификациска фаза за ЕП 2024 ги почнуваат на 12 април (19 ч.) со натпревар против големиот фаворит, домаќинот на турнирот Италија. Мечевите ќе се играат во мналото јужно италијанско гратче Поликоро.

Следниот ден од 13 часот ќе играме со селекцијата на Израел, додека квалификациите ги завршуваме на 14 април од 16 часот против селекцијата на Грција.

Женската јуниорска селекција до 18 години, пак, оди на квалификациски турнир во Врњачка Бања во Србија. Таму првиот меч нашите девојки ќе го имаат против Србија на 11 април од 19 часот, ден подоцна играат со Холандија, а квалификациите ќе ги завршат на меч со Чешка на 13 април од 16:30 часот.

ПретходноПројковска судеше уште еден евро-меч во младинската лига на УЕФА
СледноФилип Деспотовски е нов тренер на Кожуф