Тетовска Шкендија вечерва потврди дека по нивно барање и во договор со Фудбалската федерација на Македонија е постигнат договор мечот со екипата на Вардар од следното коло кое е на програмата викендов, да се одигра в недела, а не во сабота како што беше првично објавено.
„Натпреварот Шкендија – Вардар ќе се одигра во Тетово во првичниот термин, 03.03.2024 година, со почеток во 14:00 часот. Оваа одлука ги исполнува желбите на нашите навивачи, обезбедувајќи им целосна можност да учествуваат и да го поддржат тимот на овој важен натпревар“, објавија од Шкендија.