Халанд ќе си се почести со “чудовиште“ од автомобил, вредно 3,2 милиони евра! (ФОТО)

439

И тоа како добро му оди на Ерлинг Халанд во последно време. А врв на супер формата беше вчера кога во меч од ФА Купот на Лутон му “стегна“ пет гола.

Како што пишуваат медиумите во неговата земја, напаѓачот на Манчестер Сити ќе си се почести со нов автомобил, и тоа не било каков, туку вистинско “чудовиште“ кое вреди 3,2 милиони евра.

Image

Станува збор за Мерцедес АМГ Оне, кој има повеќе од 1.000 КС, може да достигне брзина од 352 км на час, и во светот има само 275 примероци.

Халанд веќе има колекција од скапи автомобили, но овој секако и тоа како ќе биде најскапиот.

ПретходноРодриго во Манчестер Јунајтед, а Реал добива 150 милиони евра?!
СледноСпоред ФИБА: Победата на Македонија над Полска било најголемото изненадување во февруарските квалификации!