ФК Брера од петок со свој Фан шоп во Струмица

1120

Во петок во строгиот центар на Струмица фудбалскиот клуб Брера ќе го отвори Фан шопот кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната. Во продавницата која ќе биде отворена во 18 часот, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера.

На настанот ќе биде присутен и претседателот на клубот Горан Пандев кој ќе се дружи со сите навивачи, симпатизери и граѓани кои ќе бидат присутни на свеченото отворање во периодот до 18 до 19 часот.  Освен со Пандев посетителите ќе имаат можност да се дружат и со играчите и стручниот штаб на ФК Брера Струмица.

ПретходноСудиска анализа: Во ПМФЛ судењето без грешка, во ВМФЛ оштетени Кожуф и Новаци
СледноЕкс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана селектор на Република Ирска