Струга Трим Лум вчера испиша историја. Клубот кој на македонската фудбалска карта е само шест години, успеа да го освои 3. место на табелата во ПМФЛ и на крајот да се пласира во европските купови.
Вчера момците на стратегот Срѓан Захариевски го победија Силекс, завршија на третата позиција и обезбедија место во квалификациите за Европската Конференс лига на УЕФА. Навивачите овој историски настан го прославија заедно со фудбалерите кои ги пречекаа синоќа во Струга по враќањето од мечот во Кратово.