Шкупи знае како треба…

426

Чаирчани вечерва во одлична атмосфера го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел со Санта Клара во рамките на првиот меч од 2.квалификациско коло во Конференциската лига.

Со верба во себе, со надеж дека ќе се даде максимумот пред своите фанови против силниот тим од Португалија, момците на стратегот Гоце Седлоски тренираа на Арената.

Секако дека квалитетниот состав на чаирчани знае како треба, знае што треба да направи за да дојде до добар резултат.

Да потсетиме, мечот се игра утре со почеток од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Реваншот е закажан за 29 јули на гости кај Санта Клара.

ФОТО: kfshkupi

ПретходноМукаетов одликуван со Орден за заслуги за Македонија!
СледноЃока: Шкендија мора да биде внимателна!