Андреас Трајковски утре ќе го има својот настап на СП во атлетика во сала во Глазгов! (ФОТО)

251

Денес во Глазгов (Шкотска) започна Светското првенство во атлетика во сала кое ќе трае до 3 март (недела).

Андреас Трајковски е единствениот представник од Македонија на ова првенство. Андреас е еден од 16-те атлетичари кои ќе настапат во финалето во скок во далечина, кое на програмата е утре со почеток во 11 часот по Македонско време.

May be an image of 1 person and text that says '2 LifttoMeeting WORLD ATHLETICS INDOOR CHAMPIONSHIPS GLASGOW 24 1-3 March 2024'

Македонскиот рекорд во сала во скок во далечина е во сопсттвеност на Андреас и изнесува 7.79 метри, поставен оваа година на Балканијадата во Истанбул кога го освои сребрениот медал. Неговиот рекорд и воедно Македонски рекорд на отворено изнесува 7.91 метар, поставен минатотот лето во Германија.May be an image of text

ПретходноМакедонија е на 30.место на ФИБА европската ранкинг листа и на 58.место во светот!
СледноОфицијално: Филип Николов уште две сезони во РК Бутел! (ФОТО)