Бобан Илиоски, Македонецот кој е светски првак во кикбокс, ќе учествува на претстојните квалификации во бокс со цел да се избори за пласман на ОИ во Париз ова лето.
Ова е поради фактот дека неговиот спорт не е на програмата на ОИ, па затоа од 3 до 11 март во Бусто Арсизио (Италија) ќе се обиде во категоријата до 92 кг, да дојде до целта. А таа е пласман на ОИ во Париз.
Според зборовите на неговиот ментор и тренер, Дејан Митровски – Урко, боксот како спорт за Бобан не е нешто непознато. Тој е максимално подготвен, има во минатото боксерски мечеви.
Илиоски е единствениот Македонец кој ќе учествува на овие квалификации.