Зарем некој се сомневаше? Уште на првиот Ф1 викенд светскиот првак покажа сила. Макс Верстапен беше убедлив на попладневниот квалификациски циклус за ГН на Бахреин и ја освои пол-позицијата на патеката “Шакир“. Ова е негов 34 пол во кариерата.
Ова значи дека Супер Макс со моќниот болид на Ред Бул утре од 16 часот, кога закажана трката, ќе стартува од првата позиција.
На второто место се најде Шарл Леклер на Ферари, додека од третата позиција ќе стартува Џорџ Расел на Мерцедес.
Луис Хамилтон квалификациите ги заврши на 9.место, што секако е разочарувачки за него.