Шампионот на првите две пролетни средби освои само два бода, реми со Работнички на гости и реми со Шкупи дома. Денеска Струга ТЛ, во меч од 21.коло од 14 часот, ќе има тешко гостување и тоа во Кратово кај Силекс. Сепак Струга ТЛ е шампион и мора на секој меч, без разлика на противниот и каде и да игра, мора да оди на победа.
Така мисли и искусниот дефанзивец на шампионот, Меџит Незири, кој досега како играч на Струга ТЛ нема пораз од Силекс:
„Нема дилеми, многу важен меч за нас. По двете последователни ремија во оваа пролетна полусезона, посакуваме победа на гостувањето во Кратово. Нема да биде лесно, но нас само победа ни одговара и ќе треба да го дадеме својот максимум да дојдеме до трите бода“ рече покрај другото Незири.















