Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон продолжуваат да редат победи во НЦАА-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, овој пат славеше против Укла со 77-66.
Ова беше натпревар во кој Вашингтон беше подобар во двете полувремиња, во првото имаше предност од 32-40, додека второто го доби со четири поени, доволно за нова радост.
Јакимовски во игра мина 34 минути за кои постигна 10 поени и 9 скока, додаде уште една асистенција.
За Вашингтон ова беше 23 победа и со седум порази и натаму е на второто место на табелата во Пацифик 12 зад Аризона.










