Мората промаши пенал, па се “извади“: Триумф на четата на Симеоне! (ВИДЕО)

90

Атлетико Мадрид попладнево на “Ванда Метрополитано“ со 2:1 успеа да слави над Бетис. Но не беше се така едноставно за четата на стратегот Диего Симеоне. Имено во 8.минута гостите си постигнаа автогол за водство на “јорганџиите“ од 1:0. Во 28.минута Мората не реализираше пенал, но затоа во финишот на првиот дел успеа да стрела за 2:0. Резултат со кој се замина на пауза. Ова беше прв гол на искусниот напаѓач после пауза од осум средби на кои не успеа да постигне гол за Атлетико Мадрид.

Во 62.минута Карваљо стрелаше за конечни 2:1 на овој меч од 27.коло во Ла Лига.

ПретходноСпектакл на “Итихад“: Фоден и Халанд го “обоија“ Манчестер во сино! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Џангаровски не е веќе тренер на “лавовите“!