Официјално: Џангаровски не е веќе тренер на “лавовите“!

731

Она што се очекуваше, посебно по денешниот пораз од Воска со 1:2 во еден од најзначајните мечеви во сезоната, и се оствари. Имено раководството на Македонија ЃП се раздели со својот тренер Тони Џангаровски.

Еве го соопштението на клубот од Ѓорче:

Почитувани,

Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Тони Џангаровски, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 3 месеци.

Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.

За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Тони Џангаровски и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина.

ПретходноМората промаши пенал, па се “извади“: Триумф на четата на Симеоне! (ВИДЕО)
СледноТренерот на Валенсија: Од Реал без причина се бунтуваат