Атлетик Билбао – Барселона 0:0 вечерва на “Сан Мамеш“. Секако дека се очекуваше од двете екипи, во меч кој беше и дерби на 27.коло во Ла Лига.
Со овој бод Барса и дојде на Џирона само на -1 бод, иако со победа ќе беше пред неа.
Треба да се одбележи дека уште во првото полувреме тренерот на каталонците, Чави Ернандез остана без Френки Де Јонг и Педри кои поради повреди мораше предвреме да го напуштат теренот.
Како што се гледа од видеото, младиот Педри дури и плачеше на клупата откако ја напушти играта.
Фото: X.com
Nah Pedri is crying seems like it's very serious. Speedy recovery man 🙏🏻 pic.twitter.com/SiUR4BmdAR
— Dr Yash (@YashRMFC) March 3, 2024










