Чека суспензија, а ќе биде дел од судискиот тим за дуелот Реал-Лајпциг во ЛШ

920

Италијанскиот судија Марко Ди Бело ќе биде дел од реванш натпреварот од осминафиналето на ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Лајпциг.
Овој судија викендов беше во центарот на вниманието на италијанската јавност поради тоа што покажа 11 жолти и 3 црвени картони на дуелот меѓу Лацио и Милан (0:1).Тој тотално ја изгуби контролата на натпреварот, а поради грешките е суспендиран од Серија А и неофицијално се зборува дека таа ќе трае еден месец, па дури се зборува дека потоа ќе биде префрлен во Серија Б.
Ди Бело ќе биде дел од италијанската експедиција за претстојниот меч меѓу Реал и Лапциг и покрај лошото арбитрирање. Сепак, тој нема да биде главен на теренот туку ќе ја има улогата на четврти судија, а лидер ќе биде Давиде Маса.
Ди Мело беше суспендиран на почетокот на сезоната поради лошиот настап на мечот Јувентус и Болоња во август.

ПретходноРома ќе му даде долгорочен договор на Де Роси
СледноВардар реагира на случувањата во Тетово: Срамни националистички испади, отсуство на македонското знаме, фрлање предмети…