Во пресрет на утрешниот меч од 28.коло во Ла Лига против Мајорка, денеска на прес конференции свое видување имаше стратегот на каталонскиот гигант Чави Ернандез.
Тој покрај другот говореше на повеќе теми во врска со Барселона, најважно е што кажа дека тој и сите во Барселона немаат намера да се откажат од трката за титулата иако Реал е прв со 8 бода предност пред неговиот тим.
“Не верувам дека трката за титулата е загубена. Се додека постојат шанси ние сме тука. Имавме одлична можностна минатиот меч со победа над Билбао да направиме уште поголем притисок врз Реал и Џирона, но што е тука е. Има уште многу да се игра. Ќе де трудиме на секој меч да победуваме, потоа ќе видиме што сме направиле“ посочи Чави.
Инаку тој и денеска имаше само пофални зборови за првиот човек на клубот Хоан Лапорта:
“Нема дилеми, давам позитивна оценка за неговата работа. Тој е идеална личност за овој клуб. Според мене Лапорта е најдобриот претседател на Барселона во нејзината историја“.