Тетово не заборава: Посебно признание за Агим Ибраими

1681

Беше капитен на националниот тим, играше за Шкендија, Салцбург, Олимпија, Марибор, Каљари, Астана… Многу натпревари, голови, титули и признанија за Агим Ибраими во неговата успешна и богата фудбалска кариера.

Но во текот на неделава тој доби посебно признание за допринос на спортот и фудбалот во неговиот роден град.

No description available.

Лично од рацете на градоначалникот Билал Касам, Агим Ибраими доби посебно признание од градот Тетово.

Добивав многу награди во текот на кариерата за фудбалските успеси низ клубовите и репрезентацијата. Но сепак ова признание од мојот роден град ми е посебно драго. Ја никогаш не заборавив од каде сум и секогаш со гордост секаде зборував дека сум роден во Тетово и од Македонија… Дека го сакам Тетово говори и тоа дека со фамилијата одлучив да живеам тука…“, изјави Агим Ибраими кој лани на 34 годишна возраст одлучи да ја заврши фудбаската кариера.

Агим Ибраими за државниот тим на Македонија одигра 40 натпревари и постигна 7 голови.

ПретходноПросинечки го објави списокот на играчи со кои ќе му се спротивстави на Милевски!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)