Марко Росе: Елмас допрва ќе добива шанса, можеби утре да биде стартер!

2549

Утре во меч од Бундеслигата, Лајпциг на свој терен го дочега тимот на Дармштад. По елиминацијата од Реал Мадрид во ЛШ, сега “биковите“ се со мислите кон домашната сцена.

На денешниот пред пред утрешниот меч, тренерот на “биковите“ Марко Росе ја најави можноста и нашиот Дијаман Елиф Елмас да биде стартер.

Јасно е дека нашиот најдобар фудбалер по малку како да е разочаран, никако да добие поголема минутажа освен тие десетина минути на секој меч.

Елмас допрва ќе добива шанса и поголема минутажа. Можеби утре да биде стартер на мечот со Дармштад, ќе видиме. Тренира напорно, ние веруваме во него“ рече покрај другото тренерот на Лајпциг.

ПретходноТухел објасни зошто не игра шпанското засилување
СледноПартизан со пораз во Милано!