Лудо беше на “македонското дерби“ во Германија, во кое еден против друг играа Чурлинов и Муслиу!

4065

Интересно, пред се лудо беше попладнево во “Цвајте“ во Германија. Шалке и Падерборн одиграа неверојатен меч кој на крајот заврши со резултат 3:3. Ова беше и “македонско дерби“ зошто еден против друг играа Дарко Чурлинов и Висар Муслиу, репрезентативни колеги.

Чурлинов влезе во игра во 85.минута кај домашните, додека Муслиу кај гоститего одигра целиот меч.

Шалке поведе со 2:0, но тогаш гостите направија целосен пресврт и во 86.минута имаа 2:3, сепак во 90+3.минута Шалке израмни за конечни 3:3.

ПретходноМиовски ќе добие нов тренер: Нил Ворнок си замина од Абердин!
СледноЕлмас стартер и Лајпциг победи, Кејн и Баерн го “наполнија“ Мајнц! (ВИДЕО)