Убедлив кам-бек на МЗТ Скопје, ТФТ настрада во Аеродром (ФОТО)

93

МЗТ Скопје им се врати на победите по шокантниот пораз од Феникс во минатото коло. Актуелниот бранител на титулата на домашен терен го совлада ТФТ со 78-65 во рамките на 19-то коло во Првата лига. Триумфот доаѓа на денот кога МЗТ Скопје слави 58 години од своето постоење.

Избраниците на Васко Атанасов добро го отворија мечот, по седум и пол минути игра по слободните фрлања на Андреј Андоновски поведоа со двоцифрени 19-7.

По изедначената игра во вториот и третиот период (17-17 и 20-18), МЗТ Скопје главниот и важен чекор го направи во последните десет минути, отвори со 9-0 за 65-55, позитива која беше доволна за мирен финиш и 15-ти триумф оваа сезона.

Баковиќ беше прв стрелец со 15 поени и пет скока, Војдан и Дамјан имаа по 13 поени, додека Крстевски 10. На другата страба Ташовски имаше 15 поени.

Претходно„Волците“ со триумф над Фулам, Борнмут се спаси од пораз во 90+2.минута!
СледноКадиз со голема победа против Атлетико (М) во трката за опстанок во Ла Лига