Кадиз со голема победа против Атлетико (М) во трката за опстанок во Ла Лига

71

Фудбалерите на Кадиз ја постигнаа најголемата победа од почетокот на сезоната во Ла Лига, откако вечерва на домашен терен со 2:0 го совладаа големиот фаворит Атлетико Мадрид.

Ова беше само трет триумф за Кадиз сезонава, кој сега се наоѓа на 18. позиција со 22 бода, два помалку од Селта, која е прва надвор од зоната за испаѓање.

Атлетико остана на четвртата позиција во поредокот со 55 бодови, четири помалку од Жирона, која има и натпревар помалку.

Головите за победа на Кадиз ги постигна Хуанми во 24. и 64. минута.

ПретходноУбедлив кам-бек на МЗТ Скопје, ТФТ настрада во Аеродром (ФОТО)
СледноЕуро Никел го суреди незгодниот Феникс