Седлоски денеска се “враќа“ на Чаир!

1887

 

Денеска во 14 часот се игра скопското дерби во рамките на 23.коло во ПМФЛ и тоа на Чаир и тоа меѓу Шкупи и Работнички.

Интересно. Гоце Седлоски, актуелниот стратег на Работнички за првпат откако си замина од Шкупи, по вториот мандат, доаѓа на Чаир и тоа како противник на “неговиот“ Шкупи.

Секако дека “шверцерите“ ќе го поздрават својот некогашен стратег кој по долги две децении им ја донесе титулата во ПМФЛ и тоа во сезоната 2021/22. Беше и на чекор до групна фаза во Лигата на Конференции.

Сепак, тоа е минато, а сегашноста вели дека Шкупи е во улога на фаворит, има подобар тим кој со тренерот Младен Жижовиќ има и шампионски амбици, но и два меча по ред на кој нема победа.

Работнички во средата загуби од Вардар, но во целост го надигра, и ако имаше фудбалска правда, резултатот требаше да биде 1:3 за Работнички.

Бодовите и на двете екипи им се од екстремна важност, затоа се очекува голема борба, битка за секоја педа од теренот.

Кога сме кај традицијата, да споменеме дека ова ќе биде 32.скопско дерби. Шкупи има 14 победи, осум пати мечевите завршиле без победник а Работнички има 9 победи.

ПретходноИнзаги: Роденденска победа со посебна сласт, но има уште 10 кола за Скудето
СледноЛука Дончиќ не запира, урна два нови трипл-дабл рекорди (ВИДЕО)