Аталанта водеше, Јувентус направи пресврт, а на крајот ги поделија бодовите

141

Јувентус и Аталанта одиграа 2:2 во меч од 28 коло на италијанската Серија А. Аталанта дојде во предност во 35.минута кога Марко Пашалиќ одигра одлично со Копмајнерс и холандскиот фудбалер погоди за 0:1. Во 50 минута Федерико Киеза пропушти голема шанса, неговиот шут го одбрани голманот на гостите од Бергамо.

Во 66 минута Јувентус изедначи преку Андреа Камбијасо, а четири минути подоцна преку Арек Милик го сврте резултатот во своја полза. Сепак, водството не траеше долго затоа што Аталанта во 75 минута изедначи со голот на Копмајнерс на асистенција на Џимсити.

Јувентус по овој меч е трет со 58 бодови, а Аталанта е шеста со 47 бодови.

ПретходноВардар 1961 лесно го доби дерби мечот против Алкалоид (ФОТО)
Следно„Кралевите“ убедливи против Селта