Машката кадетска репрезентација на Македонија ја совлада Италија со 29-21 во првиот од двата контролни натпревари во рамките на подготовките за ЕХФ шампионатот.
Избраниците на Кирил Лазаров прво полувреме го добија со 14-9, до крај лесно го приведоа мечот во своја корист.
Ермановски со 15 одбрани беше одличен на голот, Манчевски имаше четири гола.
Македонија – Италија 29-21(13-9)
Македонија: Галевски (2 одбрани), Ерманоски (15 одбрани),Ташев, Тодевски, Митев 4, Ивановски, Омерагиќ 3, Митревски 3, Димоски 2, Стојчевиќ, Ѓорговски 3, Пет. Атанасијевиќ 1, Манчевски 4, Стојковиќ 1, Илиевски 3, Саврески.
Италија:Рива (8 одбрани), Албанини (7 одбрани) Мулогер, Занон. Хроватин 4, Касеро, Фаданели 3, Визентин 2, Гаи 2, Арена 3, Боротели 5, Копола 2, Тези, Сондаки, Алдини, Ромеи.
Македонија и Италија утре (19 часот), ќе одиграат уште еден натпревар.