Димитар Тодоровски: Работнички против шампионот сака да се врати во позитивен ритам!

112

Денеска од 15 часот на Арената во Скопје, во последниот меч од 24.коло, Работнички ја очекува Струга ТЛ. Тежок меч за избраниците на стратегот Гоце Седлоски, посебно по двата порази едноподруго во изминатите две кола, и тоа од Вардар и од Шкупи. Уште повеќе ако се знае дека Струга ТЛ е тимот против кого Работнички има ужасна традиција, само една победа во изминатите 17 меча.

Димитар Тодоровски, клучниот играч на Работнички за денешниот дуел со шампионот истаккува:

Денеска нѐ очекува нов дуел со Струга Трим Лум. Покажавме дека можеме да одиграме квалитетно против шампионот во првото пролетно коло. Сега влеговме во третата фаза од шампионатот, секој натпревар е многу важен, а ние сакаме да се вратиме во позитивен ритам по двата порази едноподруго. Верувам дека ќе бидеме на ниво и дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел“

ПретходноКари и Томпсон потсетија на најдобрите денови во победата нас Лејкерси (ВИДЕО)
СледноЛазаров: Задоволен сум од односот, сепак игравме со половина тим